Свечено одбележан 26-ти февруари- Денот на 1мпб

Во касарната „Боро Менков“  Куманово, по трет пат со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа 26-ти февруари-Денот на единицата, денот кога е формирана Трета Македонска Ударна Бригада (Трета МУБ) во с.Жегљане Куманово.

Одбележување на патрониот празник на касарната „Н.Х Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој беше одбележан патронатот на касарната „Н.Х Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово. Ова одбележување претставува дел од планираните активности за одбележување на јубилејот „25-години –Армија на  Република Македонија“.

Реализација на активност „Engineer BN Mobility/Ctr.Mobility“

Во период од 20.02. до 25.02.2017 година во инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) се организира и реализира активност „Engineer BN Mobility/Ctr.Mobility MKDSPP1701466ICE“ со тричлен тим на инженерискиот баталјон од составот на 572 бригада од Националната гарда на Вермонт.

Работилница за изработка на концептот на операции за вежбата: „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“

Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 20 до 24 февруари 2017 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations - CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17”.

Признание од Црвениот Крст на Република Македонија за 2. механизиран пешадиски баталјон

                   Генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија Др Саит Саити, придружуван од претседателот на општинската организација на Црвениот Крст на општина Штип ,Кирил Цуцков,секретарот на општинската организација на Црвениот Крст на општина Штип, Никола Камчев и учениците од општинските училишта од Штип, волонтери на Црвениот Крст беа во посета на касарната “Јане Сандански” во Штип.