06.11.2018

Примопредавање на должноста командант на тенковски баталјон

Денес во касарната во Чојлија, се одржа воена свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на тенковски баталјон (тб), од составот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

 

Должноста од досегашниот командант на тенковскиот баталјон, потполковник Тони Златевски ја прими потполковник Зоран Стојановски кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот во истиот баталјон.

 

На свеченоста присуствуваа: заменикот на командантот на 1.мпбр полковник Бесник Емини, команданти и претставници од командите и единиците на АРМ како и поранешните команданти на оклопниот и тенковскиот баталјон.

 

Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање заменик на командантот на 1.мпбр полковникот Бесник Емини, му се заблагодари на досегашниот командант за вложениот труд и покажаните резултати за време на неговото командување со единицата, а на потполковникот Зоран Стојановски му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност, со желба за успешно командување и постигнување на уште поголеми резултати со баталјонот во наредниот период.

 

Досегашниот командант на тенковскиот баталјон потполковникот Тони Златевски, во својот говор меѓу другото им оддаде признание на припадниците на баталјонот за вложениот труд од секој припадник во извршувањето на бројните задачи и предизвици со кои единицата успешно се справуваше во текот на неговото командување.

 

Новопоставениот командант, потполковникот Зоран Стојановски, се заблагодари на укажаната доверба со поставувањето на оваа одговорна должност, ветувајќи дека како командант на тенковскиот баталјон заедно со целокупниот состав ќе продолжат по веќе воспоставените критериуми и јасните цели, давајќи го својот максимум за постигнување на уште повисоки резултати.

 

На крајот од свеченоста следуваше церемонијалното примо-предавање на военото знаме на баталјонот, со што и официјално беше извршено примопредавањето на должноста командант на тб.

 

СМ/ИМ/ПА