09.11.2018

Вежба со боеви МЕС на припадниците на инженерискиот баталјон и питомците од IV година од родот инженерија

Во период од 05.11  до 09.11.2018 година,  во рамки на стационарното логорување на АП„Криволак“, припадниците на  инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), реализираа обука и вежби со боеви минско - експлозивни средства (МЕС).

 

На логорувањето, обуката и вежбите, покрај припадниците на инжб учествуваа и питомците од четврта година од родот инженерија од Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје.

 

За време на четиридневниот престој на АП „Криволак“, персоналот од инжб и питомците,  се обучуваа и извежбуваа во постапките и реализацијата на палење на експлозивно полнење со електрична детонаторска каписла, изработка на мрежа за палење на експлозивни полнења, изработка на  мрежа за електрично палење и палење на експлозивно полнење и  уривање на елементи и материјали и палење на фугаси.

 

Обуката и вежбите кои се реализацираа имаат за цел оспособување на персоналот од инжб и питомците од родот инженерија од воената академија во индивидуалното и колективно безбедно и правилно ракување со боевите експлозивни полнења и средствата за палење на експлозивните полнења.

 

 

СМ/ИМ/ПА