05.10.2018

Вежба на командно место на припадниците на баталјонот на Воена полиција

Согласно годишниот план календар за обука на баталјонот на Воена полиција за 2018 година, периодот 02-04.10.2018 година, припадниците на командата и штабот на баталјонот на Воена полиција, реализираа вежба на командно место “ЕСЕН-2018“.

 

Вежбата имаше за цел извежбување на припадниците од командата и штабот во прикажување на оперативна ситуација на карта, донесување на одлука на штабот во тимска работа во процесот на донесување на воена одлука, размена на информации со потчинетите единици кои имаа улога на келии за одговор.

 

Вежбата на командно место се реализираше по фиктивно сценарио врз  три сегменти и тоа: подготовка за изведување на вежбата, изведување на вежбата со командантско извидување на клучниот терен и патишта  во зоната на одговорност на единицата.

 

По извршената анализа на вежбата,заклучено е дека целта и намерата на вежбата е постигната, односно вежбата е успешно реализирана а од припадниците на командата и штабот на единицата покажан е висок степен на извежбаност, професионалност, оспособеност и одлична тимска соработка при реализација на вежбата.

 

ДЃ/ДС