29.10.2018

Свечено прославен „Денот на баталјонот на Воена полиција“

Во касарната „Илинден“ пред свечено построените припадници на баталјонот на воена полиција, со свечено дефиле на военото знаме на единицата, свечено беше одбележан „29ти Oктомври - Ден на баталјонот на Воена полиција“.

 

Пред присутните свое обраќање имаше командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, кој потсети на историското минато од 1878 година и истакна дека благодарение на професионализамот, одговорноста и ефикасноста на припадниците на единицата, безбедни се објектите од витално значење за одбраната, високите воени раководители, странските воени делегации како и грижата за одржување на воениот ред и дисциплина, сузбивање и расчистување на криминалитетот во одбраната и ангажман околу поддршка и справување со мигрантската криза.

 

Во своето обраќање командантот на баталјонот на Воена полиција, потполковник Кире Николовски  истакна дека во изминатиот период успешно се извршени голем број на задачи поврзани со мисија на единицата, како и учество на значајни вежбовни активности, учество на најголемата НАТО вежба „Saber Strike 18“ и националната вежба „Македонски Блесок 14“ каде декларираната чета на единицата се здоби со сертификат за борбено подготвена, а пожртвуваноста, подготвеноста и знаењето придонесуваат за успешно реализирање на активностите и достојна афирмација на единицата и Армијата на Република Македонија.                                         

 

Во рамки на свеченоста беше доделен сертификат од претстојното НИВО-2 оценување на декларираната чета, унапредени припадници на единицата и доделени стимулативни мерки  за успешно извршување на задачите. На крајот на свеченоста се одржа тактичко технички збор на кој беше изложено вооружување и опрема со која располага единицата.

 

Согласно планот и програмата за одбележување на Денот на единицата беше реализирана крводарителна акција на која уште еднаш беше прикажана хуманоста и солидарноста.

 

ДЃ/ДС/ЧС/НЈ