10.10.2018

Посета на oдбранбеното аташе на Република Бугарија на 1.механизирана пешадиска бригада

Денес одбранбеното аташе на Република Бугарија во Република Македонија, потполковник Пламен Николов и неговиот заменик мајор Росен Јанев, ја посетија командата на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

 

Целта на посетата беше да се споделат искуствата од досегашната соработка на двете армии и изнаоѓање на нови видови и полиња во идната соработка.

Воените претставници на ВС на Р. Бугарија во командата на 1.мпбр, беа пречекани од командантот на бригадата, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од командата и штабот на 1.мпбр.

 

По приемот, за гостите беше реализирана кратката презентација за мисијата на 1.мпбр, нејзината структура, локацијата на потчинетите единици и полигоните за обука, досегашното учество на припадниците на 1.мпбр во операции надвор од Република Македонија и моменталните тежишни активност на бригадата.

 

По презентацијата, се разговараше за искуствата од досегашната соработка помеѓу армиите на Република Бугарија и Република Македонија и можноста за проширување на соработката во иднина, со посебен акцент на соработката помеѓу оклопните единици, предупатната обука на контингентите за операции надвор од границите на двете земји.

 

ГЃ/СМ/НЈ