10.10.2018

Стационарно логорување со артилериско боево гаѓање

Во период од 08 до 10.10.2018 година, дел од единиците на артилерискиот баталјон (артб) од 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), реализираа логорување на армискиот полигон „Криволак“.

 

Во рамките на логорувањето на ден 09.10.2018 година припадниците на 2.батерија од артб, реализираа артилериско боево гаѓање со повеќецевен фрлач на ракети - ПЦФР 128 мм.

 

Целта на изведувањето на боевото гаѓање со орудијата од батеријата беше војниците и старешините ја потврдат својата обученост и  извежбаност за изведување на боево гаѓање, според одредбите на артилериските правила за гаѓање и упатствата за работа на огнена позиција на артилериските единици.

 

Со остварените брзи и прецизни артилериски огнови, припадниците на артб уште еднаш ја покажаа подготвеноста и умешноста во ракувањето со огнот и практичното владеење со техничките средства со кои располага единицата.

 

Гаѓањето го следеа претставници од Здружената оперативна команда и 1.мпбр.

 

  

ВХ/СМ/НЈ