27.09.2018

Теренска обука на водот воена полиција, извидувачкиот вод и четата за АБХО од 1.мпбр

Персоналот од командната чета (вод воена полиција и извидувачкиот вод) и четата за АБХО од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во соработка со воздухопловната бригада на АРМ, реализираа обука на армискиот полигон „Криволак“.

 

Покрај обуката од воена топографија и движење на непознат терен, персоналот од водот на воена полиција и извидувачкиот вод изведоа и теми од стручно специјалистичката обука. Истата ја изведоа во координација и асистенција од хеликоптерите на воздухопловната бригада.

 

Обука во теренски услови на армискиот полигон „Криволак“  изведе и персоналот од четата за АБХО од 1.мпбр. Неколкудневната обука од областа на АБХ заштита и РХБ детекција и деконтаминација заврши со вежба низ која беа спроведени постапките на изземање на контаминирани примероци, анализа и постапки со персоналот на деконтаминациска станица која ја развива четата за АБХО.

 

СМ/ЧС/БН