09.07.2018

Уништување на минско експлозивни средства на армискиот полигон „Криволак“

По повод 9 Јули, светскиот ден на уништување на оружје и муниција, на армискиот полигон (АП) „Криволак“ беше извршено уништување на минско експлозивни средства (МЕС).

 

Уништувањето на МЕС беше реализирано од страна на тимот за уништување на МЕС, од составот на Армијата на Република Македонија.

 

Активноста беше во организација на Генералштабот на АРМ, во координација со Националната комисија за мало и лесно оружје.

 

 

ТЛП