27.06.2018

Запознавање со активностите и состојбата во единиците од страна на инспекциски тим на специфицирана област според „Виенскиот документ 2011“

Во период од 25.06 до 27.06.2018 година инспекторски тим од вооружените сили на Кралството Шпанија и по еден претставник од Република Словенија и  Војводството Луксембург, набргу по минатонеделната посета остварија работна посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) и првопотчинетите единици (ппе).

 

На инспекцискиот тим, кој претходно изврши обиколка и на командата за обука и доктрини и полкот за специјални операции, им беа презентирани брифинзи за единиците како што се историја, мисијата, организациско формациската структура, пополнетоста со персонал и опрема на единиците.

 

На крајот од активноста во ЗОК, водачот на инспекцискиот тим потполковник Барција Карнеро Алберто од   Кралството Шпанија искажа благодарност за коректноста, притоа напоменувајќи дека констатираната состојба е во согласност со одредбите од „Виенскиот документ 2011“.

 

Овие посети кои се реализираат во координација и во придружба на екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при МО на Република Македонија, се во согласност со преземените обврски од „Виенскиот документ 2011“.

 

Контролите за верификација и контрола на вооружувањето ги поттикнуваат зeмјите потписнички за јакнење на воената соработка, притоа создавајќи клима за градење на мерките за доверба и безбедност во Европа.

 

ЧС/ТЈ