05.06.2018

Месечно реферирање на командите и единиците во ЗОК

Во воздухопловната бригада  во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализира реферирање на потчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец мај 2018 година.

 

Командантите на потчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите, задачите, активностите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз нивната борбена готовност.

 

На реферирањето за борбената готовност, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персонален менаџмент, заштита на сили, операции, обуката и вежби, логистичко обезбедување, врски комуникации, буџетирање и цивилно - воената соработка. Од страна на учесниците беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката, условите за живот и работа, како и искуствата и научените лекции од извршените мисии.

 

На крајот од реферирањето генералот Арсоски посочи, дека со максимално ангажирање на персоналот од ЗОК и потчинетите единици, степенот на извршувањето на главните задачи и активности  кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште, издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец јуни 2018 година.