08.06.2018

Работилница за спецификација на документи за вежбата „Одлучен удар“

Во период од 04 до 08.06.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа Работилница за спецификација за вежбата „Одлучен удар“, како прва од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира  наредната година во месеците јуни и јули на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“, како дел од вежбата на Европската команда на ВС на САД „Sаber Guardian 19“.

По поздравниот збор од страна на началникот на Ј-7/ГШ на АРМ полковникот Зоран Додевски, директорот на вежбата потполковникот Игор Манасовски ги истакна значењето, големината и комплексноста на вежбата, ги структурираше обврските и одговорностите, со цел насочување на персоналот од раководството кон исполнување на доделените задачи. Свое воведно обраќање имаше и  претставникот на армијата на САД за Европа, Тимоти Лемли главниот планер на вежбата „Saber Guardian 19“.

 

Во текот на петте дена од работилницата реализирани се следните активности:

  • Финализирање на спецификацијата на документите за вежбата и нејзино одобрување;
  • Изработка на почетна верзија за концептот на операции;
  • Дефинирање на примарните и секундарните учесници на вежбата;
  • Дефинирање временската рамка и клучните датуми за вежбата;

Како дел од работилницата за спецификација на вежбата присуствуваа и претставниците од Националната града на Пенсилванија, понатаму од Армијата на САД за Европа, претставници од Канцеларијата за соработака во одбраната при Амбасадата на САД во Р. Македонија. Исто така за подобра координација и реализација на вежбата, на работилницата беа поканети и претставници од царинската управа, граничната полиција и министерството за транспорт и врски.

 

За време на работилницата беа реализирани неколку извидувања на сместувачките капацитети и терените за реализација на обуката и вежбите на АП Криволак, со цел поблиско запознавање на претставниците на армијата на САД со капацитетите и можностите на АП Криволак. Исто така, беа презентирани и неопходните брифинзи за успешна подготовка на претстојните активности.

    

Реализираните активности и заклучоци беа презентирани на финалниот брифинг на работилницата за спецификацијата на вежбата, по што од страна на сите највисоките претставници од учесниците на работилницата истите беа потпишани и соодветно дистрибуирани. Овие документи претставуваат добра основа за понатамошни подготовки и работа на иницијалната планирачка конфенеренција (ИПК), планирана да се реализира од 15-19. септември 2018 година.