11.06.2018

Санирање на последиците од невремето во МО на РМ и ГШ на АРМ

Невремето со силен ветер и дожд, што го зафати градот Скопје во сабота 09.06.2018 година, за кратко време предизвика огромни штети во одредени делови од главниот град на Република Македонија, откорнати дрвја, разрушени кровови, оштетени автомобили од испаѓаните дрвја и поплави насекаде.

 

И во кругот на зградата на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија, од силината на невремето беа откорнати неколку дрвја и оштетен дел од оградата.

 

Кратко по невремето, 20-тина припадници на инженерискиот баталјон од 1.механизирана пешадиска бригада, со потребните средства, веќе беа ангажирани на санирање на последиците од невремето во кругот на зградата на МО и ГШ на АРМ.

 

Со санирањето на последиците припадниците на инженерискиот баталјон продолжија и во наредниот ден при што беа отстранети неколку кубини метри дрва и санирани 20 метри од оштетената ограда на зградата на МО на РМ и ГШ на АРМ.

 

И овој пат припадниците на АРМ од инженерискиот баталјон ја покажаа нивната спремност за брзо реагирање во санирање на последици од временски непогоди со што овозможуваат непречено и редовно функционирање на институците.