12.06.2018

Кондиционен марш на персоналот од командата на ЗОК

На 12 јуни 2018 година врз основа на календарот за обука на Здруженaта оперативна команда (ЗОК) за 2018 година, со цел подигање на психофизичката кондиција на персоналот од командата, предводени од командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, реализираа кондиционен марш на релација: населба Карпош преку село Младо Нагоричане до село Војник.

 

Ваквите активности согласно календарот за обука се изведуваат неколкупати годишно и се одлична можност за припадниците од командата да ја оддржат кондицијата на потребно ниво како и можност за размена на искуства.

 

Покрај останатото  учесниците на маршот имаа можност да се запознаат со дел од теренот кој се наоѓа во зоната на одговорноста на командата на ЗОК.

 

Припадниците на ЗОК и покрај екстремно високите температури покажаа многу висока психофизичка подготвеност и истрајност за извршување на вакви и слични задачи и ваквите активности  продолжуваат и во наредниот период согласно календарот за обука.