05.04.2018

Во Воено-медицинскиот центар се реализираше обука за медицинска поддршка при траума ниво 2

Во период од 02 до 05.04.2018 година во организација на ВМЦ на АРМ се реализираше курс за Медицинска поддршка при траума ниво 2 кој се одржуваше во просториите на Регионалниот медицински тренинг центар – РМТЦ. 

 

Предавачи на курсот се инструктори од ВМЦ кои претходно имат завршено обука и се сертифицирани од швајцарскиот центар. Слушателите се претставници од земјите на А5 од Црна Гора, Босна и Херцеговина и претставници АРМ од ВМЦ. 

 

За време на курсот се обработуваа ургентни и медицински процедури и постапки при живото загрозувачки состојби како што се интравенски пристап, проодност на дишни патишта, плеуроцентеза, торакална дренажа, интраосеален пристап и инструменти за ургентни интервенции.

 

На крајот од курсот слушателите на курсот се здобија со сертификати за успешно завршен курс за Медицинска поддршка при траума ниво 2.