08.02.2018

Семинар за размена на искуства од доменот на артилеријата

Во  касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, на  07 и 08 февруари, согласно годишниот План за работа на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), се реализира дводневен семинар за размена на искуства од доменот на артилеријата.

 

Учесници на семинарот се старешини (офицери и подофицери) од артилерискиот баталјон и артилериските единици од составот на пешадиските баталјони на  1.мпбр, како и претставници од Здружената оперативна команда (ЗОК) и  Командата за обука и доктрини.

 

Старешините кои учествуваа на семинарот, преку активно учество низ презентации, размена на искуства и дискусии активно придонесоа за целосна имплементација на сите неопходни елементи за огнена поддршка, а меѓудругото беа  дадени и соодветни иницијативи за надминување на предизвиците со кој се соочуваат припадниците на овие единици.

 

Командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески и командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во текот на семинарот ги посетија учесниците на семинарот,  при што присуствуваа на дел од дискусиите од овој домен.