07.02.2018

Обука во зимски услови на потчинетите единици на Здружената оперативна команда

Припадниците на оклопно извидувачките водови од механизираните пешадиски баталјони и инженериско извидувачкото одделение од инженерискиот баталјон на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), како и четата на воена полиција од баталјонот на воена полиција од составот на Здружената оперативна команда, изведуваат повеќедневна обука на терените за обука во зимски услови на планината Плачковица и Шар Планина.

 

После успешно совладаните маршеви на единиците од касарните Штип, Куманово, Кичево и Тетово до зимските центри за обука, командирите најпрво на војниците им ги пренесуваат знаењата потребни за престој, живот и работа во планина во зимски услови.

 

Во текот на обуката припадниците од овие единици се обучуваат и извежбуваат во извршувањето на борбени задачи во зимски услови, движењето во снег, совладувањето на снежни пречки со формациски и прирачни средства, изработка на објекти за престој во планина во зимски услови, давање на прва помош при различни ситуации во планински и услови на ниски температури, движење со скии и управувње и користење на  моторни санки.

 

За време на обуката, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во придружба на одговорните старешини за обуката ги посети извидувачките водови, при што на самите полигони стекнаа увид во високата обученост и психофизичка подготвеност на извидувачите за извршување на задачи во сложени зимски и планински услови.