04.01.2018

Одбележан патрониот празник на касарната „Мирче Ацев“

Денес во касарната во Прилеп беше одбележан патрониот празник и 75 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев, чие име го носи касарната.

 

Букети свежо цвеќе пред бистата на херојот Мирче Ацев во кругот на касарната положија: делегација предводена од командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески, делегација од артилерискиот баталјон, предводена од потполковник Ивица Цветковски, делегација од општина Прилеп, делегација од Сојузот на борци од НОБ и делегација од Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

 

Пред припадниците на единицата и присутните гости се обрати командантот на касарната, потполковник Ивица Цветкоски кој во својот говор се осврна на животот и делото на Мирче Ацев.

 

На одбележувањето на 75 години од погубувањето на херојот Мирче Ацев, со своја културно уметничката програма настапија и учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

 

За крај, припадниците на единиците во касарната „Мирче Ацев“, за учениците и сите присутни гости приредија изложба на дел од вооружувањето и опремата со кои располагаат.