26.01.2018

Работилница за изработка на планот за вежбата „Македонски Блесок – 14“ (EXPLAN)

Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 22 до 26 јануари 2018 година се одржува работилница за изработка на планот за претстојната вежба „Македонски Блесок 14“ (МБ – 14). Оваа работилница претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок – 14“  на која ќе се реализира НАТО ре-оценување Ниво 2 на декларираната чета на воена полиција (чвп) и внатрешно оценување на копнена маневарска болница со улога - 2 (кмб у-2).

  

Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски кој согласно насоките на командантот на ЗОК изврши трансформација на тимот за планирање на вежбата и обезбеди основни насоки за изработка на потребните документи. Брифинг за учесниците на конференцијата презенираше офицерот со примарна одговорност на вежбата, мајор Виктор Еркиќ кој ги изнесе општите информации, составот, фазите за реализација, временската рамка за реализација на вежбата и распоредот за работа.

 

Според специфичноста на задачите и обврските на учесниците, работилницата за изработка на планот за вежбата беше организирана преку работа по синдикати, кои ги поставија основите за успешен планирчки процес за реализација на вежбата.

 

Во месец февруари предвидено е да се реализира иницијалната планирачка конференција која ќе се одржи во периодот од 26 февруари до 02 март 2018 година и треба да обезбеди неопходен минимум на безбедносни предизвици во рамките на сценариото за вежбата.