26.12.2017

Годишно информирање за припадниците од гарнизоните Куманово, Кичево и Тетово

Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески согласно годишниот план за работа во деновите 25 и 26.12.2017 година изврши завршно годишно информирање на припадниците од првопотчинетите единици на ЗОК распоредени во гарнизоните Кичево, Тетово и на припадниците на ЗОК во Куманово.

 

Командантот во текот на информирањето, детално се осврна на состојбата во првопотчинетите единици за тековната 2017 година. Посебен акцент беше ставен на состојбата со персоналот, обуката и опремата како и реализираните задачи во оваа година. Исто така беа дадени насоки и задачи за подобрување на состојбата во текот на идната календарска година.

 

На крајот од информирањето, командантот на ЗОК на сите припадници од првопотчинетите единици и командата на ЗОК, како и на нивните семејства им ја честиташе новата година со желби за добро здравје како и многу успех на личен и професионален план.