29.12.2017

Донација од пакетчиња во пресрет на новогодишните празници

Воздухопловната бригада традиционално и оваа година во пресрет на новогодишните и божиќните празници организира акција за донирање на пакетчиња.

 

Во соработка со фирми и организации соработници беа обезбедени пакетчиња кои во текот на изминатите неколку дена беа поделени на дечињата од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“, посебно основно училиште „др. Златан Сремац“ - подрачна паралелка Ѓорче Петров и на граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“ Куманово. Пакетчињата беа поделени од страна на командантот на воздухопловната бригада, полковник Роберт Малезански, заменикот на командантот полковник Заим Шкријељ и припадници од вбр.

 

Во хуманитарната акција се вклучија сите припадници на воздухопловната бригада за збогатување на помошта и разубавување на празниците на децата.

 

Помошта е дел од соработката која што ја има воздухопловната бригада со цивилните структури, а е со цел за продлабочување на веќе воспоставената долгогодишна соработка.