02.10.2017

Реализирана обука за стрелци – противавионци во Р. Словенија

Во периодот од 04.09 до 22.09.2017, 7 (седум) припадници од составот на баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр) учествуваа на обука, и тоа: теоретска за лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) ИГЛА и практична на симулатор за С-16 СУПЕР ИГЛА (СИГЛА) и полскиот тренажер 9Ф635 во касарната во Церкље, Р. Словенија.

 

Теоретскиот дел од курсот се реализираше во периодот од 04-08.09.2017 година, додека практичниот дел се реализираше во периодот од 11-21.09.2017 година. На 22.09.2017 година се реализираше тест за проверка на знаењето, најпрвин теоретски дел, а потоа и практичен. Сите припадници го положија тестот и покажаа одлични резултати. Обуката ја спроведуваа инструктори за ПВО на вооружените сили на Р. Словенија, додека тестирањето го спроведуваа главните инструктори за ПВО од составот на единицата.

 

Курсот е наменет за индивидуална обука на оператори (стрелци – противавионци) на ЛПРС ИГЛА. Покрај теориски знаења овој курс овозможува и практична обука, по пат на симулација на ИГЛА и СИГЛА, и практична обука со реални цели на полскиот тренажер 9Ф635. 

 

По завршетокот на курсот припадниците на бПВО се здобија со сертификати и оценка дека се целосно оспособени за специјалноста за која се обучуваа.