10.10.2017

Курс за воено-медицински персонал во организација на меѓународна команда на Швајцарските вооружени сили во ВМЦ

Во период од 02 до 06.10.2017 година се реализираше Курс за воено-медицински персонал во организација на меѓународна команда на швајцарските вооружени сили односно обука на медицински инструктори, од страна на Швајцарките инструктори со претставници на Балкански Медицински наменски Сили (БМНС) и Инструктори од Воениот Медицински Центар (ВМЦ) во Одделот за медицинска обука.

 

На курсот активно учество земаа,

  • 5 Швајцарски инструктори,
  • 15 претставници од БМНС - 5 лица од Србија, 4 лица од Црна Гора, 3 лица од БиХ и 3  лица од Словенија;
  • 5 инструктори од ОМО/ВМЦ.

Целта на курсот е остварена, при што се изврши оспособување персонал од БМНС за извршување на задачи, како и оспособување на инструктори од ВМЦ за понатамошна обука на персоналот од АРМ, а со цел зголемување на интероперабилноста за изведување на здружени медицински задачи.