30.10.2017

Баталјонот на воена полиција го одбележа Денот на единицата

Баталјонот на воена полиција (бВП) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК), со воена свеченост во касарната „Илинден“ - Скопје го одбележа денот на единицата.

        

Командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милевски честитајќи им го Денот на единицата изрази уверување дека припадниците на оваа единица кои се носители на највисокото признание „Орден за воени заслуги“ и во иднина посветено, професионално и ефикасно ќе продолжат како цврст колектив да се соочуваат со сите современи предизвици.

        

Во своето обраќање командантот на единицата, потполковник Васко Коколански истакна дека припадниците на овој баталјон со својата обученост, професионалност и чесно извршување на поставените задачи уште еднаш на дело го докажуваат мотото на единицата „Секогаш подготвени“.

        

Со учеството на многуте меѓународни вежби, воените полицајци покрај останатите придобивки имаа можност да ја прошират и изградат веќе воспоставената одлична соработка со 709 воено полициски баталјон на Армијата на САД во Европа чиј командант беше присутен на денешната свеченост.

        

Во рамки на свеченоста беа доделени стимулативни мерки и унапредени припадници на единицата за успешно извршување на задачите, а на крајот од свеченоста се одржа тактичко технички збор на кој беше изложено вооружување и опрема со која располага единицата.

 

Покрај командантот на ЗОК, на денешната свеченост присуствуваа и бригадните генерали Азим Нуредин, Мирче Ѓоргоски и Орце Јордев, претставници од МО и ГШ на АРМ, МВР, команданти на единици на АРМ, поранешни команданти на бВП, и други организации со кои соработува единицата.

 

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 29 октомври е одреден за Ден на баталјонот на воена полиција какое носител на традициите на денот кога 1878 година, во текот на Македонското (Кресненско) востание е издадена наредба за формирање на воено полициски началства на ослободената територија во Македонија, кои се првите формално воено полициски сили.