07.09.2017

Реализација на Финалната Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“

Во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) Пепелиште во период од 04-07.09.2017 година се реализираше Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“.

 

Во текот на работата на конференцијата одреден е терминот и местото за реализација на „Денот на високи гости“ на кој учесниците на вежбата ќе имаат можност да  прикажат дел од активностите како и интероперабилноста помеѓу единици од  мултинационален состав. За успешна реализација на зацртаните планирани активности дефинирани се логистичката поддршка и финансиската конструкција на вежбата, дефинирани се персоналните и материјалните ресурси за успешна реализација на вежбата.

 

Во текот на четиридневната работа на конференцијата работен јазик беше англискиот, и при тоа беа изработени сите документи за оваа планирачка фаза кои се предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-003 (Финализирање на Планот на вежбата и негово одобрување, Модул 5 – активирање на силите и информации за нивно распоредување, Модул 6 – финализирање на почетокот на вежбата, како и Главната листа на настани/инциденти (ГЛН/ГЛИ). Изработена е шема на поставеноста на ќелиите и нивното мрежно поврзување за редовна комуникација помеѓу учесниците на вежбата, одредени се реоните на кои ќе се врши извежбување и оценување на единиците на вежбата.

 

На ден 07.09.2017 година Командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Зоран Милевски изврши обиколка и увид на работата на планирачката конференција за вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“.

 

Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на финалната координативна конференцијата овозможуваат справување со претстојните предизвици за успешно реализирање на вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“.