31.08.2017

Примопредавање на должноста Командант на сквадрон за воздухопловно техничко одржување

Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот за воздухопловно техничко одржување (СВТОд) од воздухопловната бригада (вбр).

 

На свеченоста покрај заменик командантот на вбр полковник Заим Шкријељ присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вбр.

 

Заменик Командантот на вбр во своето обраќање се заблагодари на потполковник Новица Стоилковски за досегашните постигнати резултати како и значењето на сквадронот за безбедноста и непреченото извршување на секојдневните задачи. Воедно од новоназначениот командант потполковник Александар Митрески побара продолжување на работата и обуката на персоналот како и максимална ангажираност во извршување на добиените задачи како на командантот така и на персоналот.

 

Во својот говор досегашниот командант на СВТОд им се заблагодари на припадниците на сквадронот за своето несебично залагање и професионално извршување на задачите и обврските. Новоназначениот командант потполковник Александар Митрески истакна дека му е чест да работи со професионалци како што се припадниците на сквадронот и дека ќе продолжат со уште поголемо залагање во завршување на поставените задачи.