04.08.2017

Континуирана подршка во гасење на пожарите од страна на хелкоптерите на АРМ

Во периодот од 26.07.2017 година, сквадронот на транспортни хеликоптери од составот на воздухопловната бригада учествува со два хеликоптери во гаснењето на пожарите на територјата на Република Македонија.  

 

Воедно во гасењето на пожарте учествуваат  два странски хелкоптер, еден од Република Бугарја и еден од Република Турција, со што командата на воздухопловната бригада командува и соработува со странски екипажи и воздухоплови. 

 

Во изминатиот период хеликоптерите беа ангажиран на неколку локации и тоа, с. Требовље, Орман и Матка, при што беа фрлени 554 ведра вода (1108 тони вода).

 

Хеликоптерите на Армијата на Република Македонија се ангажираат заради густата пошуменост и непристапноста на теренот. Со интервенцијата од воздух се прават напори да се спречи проширувањето на огнената стихија и поголема штета по шумскиот фонд.

 

Со оваа интервенција, припадниците на воздухопловната бригада ја потврдија својата спремноста за брзо реагирање и умешноста за гасењето на шумските пожари на непристапните делови на територијата на Република Македонија.