27.07.2017

 

Обука во летни услови

Согласно Годишниот план за обука на единиците од 1.мпбр за 2017 година, од средината па до крајот на месецот јули, на бреговите на Охридското езеро, припадниците на оклопно извидувачките водови од потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада, реализираат обука во летни услови.

 

Целта на обуката е извежбување, оспособување и збогатување на војниците извидувачи со нови искуства преку тактиките, техниките и процедурите, во организацијата и извршувањето на задачи на и во вода, совладување на техниките на пливање, давање прва помош на давеник, техниката на совладување водени препреки со помош на формациски пловни објекти а особено во совладувањето на истите со помош на пловни објекти направени од страна на војниците со прирачни средства во околината на местото на извршување на задачите.

 

Обуката е подготвена и се реализира од страна на искусните командири на оделенија, кои во досегашната нивна кариера со учество на разни курсеви и семинари во земјава и надвор во армиите на други земји, имаат стекнато огромно знаење и искуство во извршувањето на борбени задачи на и во вода како и во совладувањето на одредени препреки со помош на пловни средства направени од прирачен материјал.

 

За време на обуката, припадниците од извидувачките единици практичо ја демонстрираат високата заинтересираност, посветеност и психофизичка подготвеност за извршување и на борбени задачи во реките и водените површини со кои располага Република Македонија.