27.07.2017

 

Припадниците на АРМ интервенираа во гасење на пожарот во атарот на село Требовље

Армијата на Република Македонија се вклучи во помош при гаснење на пожарот во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод каде беше зафатена шумска површина од околу 200 хектари.

 

Два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ започнаа со интервенција веднаш по барањето за вклучување на акцијата за гасење и извршените потребни подготовки,

 

Во текот на изминатите неколку часа пилотите на АРМ исфрлија 14 ведра или 28 тони вода, кои според известувањата веќе придонесуваат за намалување на интензитетот на пожарот и во запирање на понатамошното ширење.

 

Со ангажирањето на хеликоптерите на АРМ веднаш по барањето од страна на дирекцијата за заштита и спасување за вклучување на акцијата за гасење пожар, уште еднаш се покажа подготвеноста на АРМ да се помогне на граѓаните во Република Македонија, тогаш кога им е најпотребно.