04.07.2017

 

Реферирање за борбената готовност на единиците во Здружената оперативна команда

Денес во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК), пред командантот на ЗОК, бригадниот генерал Зоран Милески реферираа за борбената готовност во првата половина од 2017 година.

 

Командантите во своите анализи, детално се осврнаа на состојбата во своите единици во првото шестмесечие од 2017 година. Посебен акцент беше ставен на состојбата со персоналот, обуката и опремата, исто така од нивна страна беа дадени предлози за подобрување на б/г во наредниот период.

 

На крајот од анализата, Командантот на ЗОК, издаде насоки и задачи за реализација на тежишните активности за второто полугодие од 2017 година.