14.06.2017

 

Инспекција на специфицирана област во Здружената оперативна команда и првопотчинетите единици согласно одредбите на „Виенски документ 2011“

Инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“, на 13 и 14 јуни 2017 година, изврши обиколка на Здружената оперативна команда (ЗОК) и дел од потчинетите единици на ЗОК.

 

Инспекцискиот тим составен од двајца претставници на Вооружените сили на Чешката Република и по еден претставник на Вооружените сили на Република Унгарија и Република Словачка, придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерството за одбрана на Република Македонија се запозна со состојбата во единиците согласно одредбите на специфицираната област.

 

На 13 јуни тимот престојуваше во ЗОК и Резервните сили во гарнизонот Куманово, по што изврши обиколка на 1 механизирана пешадиска бригада и воздухопловната бригада во гарнизонот Петровец. На крајот од дводневните активности е посетена и бригадата за логистичка поддршка во Скопје.

 

За време на обиколката инспекцискиот тим од страна на клучниот персонал во ЗОК и потчинетите единици се запозна со историјата, мисијата, инфраструктурата, организациско формациската структура, главни системи на вооружување и опрема, како и со персоналната и материјална состојба во единиците.