28.06.2017

 

Возвратна посета од страна на припадници на инженерискиот баталјон на Националната гарда од Вермонт - САД

Во период од 13.06.2017 – 23.06.2017 година, претставници од инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада, остварија посета на 572-от инженериски баталјон од Националната гарда на Вермонт во Форд Драм во Сојузната држава Њу Јорк - САД.

 

Во текот на посетата, се реализираа повеќе активности како:

  • расчистување на делница од пат со специјално возило „Бафало“;
  • уривање на делница од пат и правење на дупка во земја за нејзино полнење со експлозив;
  •  мрежно поврзување на експлозив тип Ц – 4 и
  • гаѓање со автоматски фрлач на гранати од 50 мм.

На крајот беше извршенo и оценување на инженериските одделенија од двете единици при извршување на тактичка задача за уништување на комуникациски објекти.

 

Посетата на припадниците на инжб на 572 инженериски баталјон на Националната гарда на Вермонт е резултат на соработката на Канцеларијата за билатерална соработка на Воените сили на САД и Армијата на Република Македонија.

 

На оваа активност и претходеше заедничка инженериска обука на припадниците на инженерискиот баталјон и 572 бригада од Националната гарда на Вермонт, во Република Македонија. Со тоа, во континуитет продолжува соработката помеѓу двете единици.