16.06.2017

 

Заедничка обука и вежба на припадниците на артилерискиот баталјон со припадниците на Територијалната Противпожарна Единица од Прилеп

Пред почетокот на летниот период, во рамките на долгогодишната соработка со Територијална Противпожарна единица (ТППЕ) од Прилеп, во кругот на касарна ,,Мирче Ацев’’ во Прилеп се реализираше заедничка показна вежба на која беа извежбани повеќе сценарија на тема ,,Противпожарно обезбедување, асистенција при собраќајни незгоди и елементарни непогоди“.

 

На вежбата и претходеше дводневна обука на припадниците на артилерискиот баталјон (артб) во која војниците од противпожарната единица на артб заедно со припадниците од ТППЕ од Прилеп извежбуваа постапки при дадени ситуации, ракување со ПП опремата со која располага единицата и користење на прирачни средства.

 

Целта на овие вежби е припадниците на артб да се обучат и извежбаат во тактиката и техниките на дејствување при евентуални пожари од секаков вид, елементарни непогоди и собраќајни незгоди, како и координирање на активностите со ТППЕ.