29.06.2017

 

Одбележување на патронатот на касарната „Чеде Филиповски - Даме“ во Кичево

Денес 29.06.2017 година, припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филиповски - Даме, чие име го носи касарната во Кичево.

 

Во рамките на одбележувањето на патронатот на касарната повеќе делегации од Армијата на Република Македонија и општествениот живот на градот Кичево положија  свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Чеде Филиповски – Даме  која се  наоѓа во кругот на касарната.

 

Командантот на 4.механизиран пешадиски баталјон, потполковник Боро Латкоски во својот говор по повод одбележувањето на патронатот на касарната, зборуваше за бурниот животен пат и патешествијата на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, за неговата успешна воено-политичка кариера, за човекот кој секогаш се борел за правда, вистина и слобода за својот народ.

 

Одбележувањето на патронатот беше збогатено и со разиграните играорци од културно уметничкото друштво „Бисер“ од Кичево, кои пред присутните изведоа дел од својата богата културно уметничка програма.

 

На свеченоста присуствуваа командантот  на ЗОК бригаден генерал Зоран Милески, заменик командантот на 1.мпбр полковник Марјан Симоновски, командантите на единиците од составот на 1.мпбр, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.

 

Во рамките на одбележувањето на патрониот ден на касарната се реализираше и тактичко техничкиот збор (ТТ-збор)   на кој присутните гости, посебно лицата од помладата популација имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата со кои располага 4.мпб.

 

Со одбележувањето на патронатот на касарната, припадниците на единицата ги продолжуваат традициите на нашето минато, се потсетија на името на народниот херој „Чеде Филиповски - Даме“ кој засекогаш ќе остане во меморијата на сегашните и идните припадници на 4.мпб.