12.06.2017

 

Реализирана обука „Исхрана во природа“

Во период од 05.06.2017 година до 09.06.2017 согласно годишниот план за обука за 2017 година припадниците на оклопно-извидувачките единици од 1.механизиран пешадиски баталјон (1.мпбр), извидувачкото одделение од инженериски баталјон во реонот на „Калин Камен“ во општина Крива Паланка, а припадниците на извидувачките водови од 2.механизиран пешадиски баталјон и командна чета на 1.мпбр во околината на Берово реализираа обука „Исхрана во природа“.

 

Припадниците на оклопно-извидувачките водови од потчинетите единици на 1.мпбр во текот на ова логорување, се запознаа со техниките и вештините за пронаоѓање на храна и вода за пиење во природата.

 

Целта на ваквата специјалистичка обука е персоналот од овие водови да се оспособи во организацијата на животот и работата за време на подолг престој во природата, и обучи и извежба во собирањето, одбирањето и употребата на корисните растителни и животински врсти за исхрана на луѓето.

 

За време на обуката беа изведени и теми од извидувачката тактика, ориентација на непознат терен, изработка на објекти за сместување како и објектот за чување на храната и теми од санитетската обука карактеристични за несекојдневните услови за живот и работа.

 

За успешно соочување со предизвиците кои со себе ги носи планината пред се потребно е да се биде психофизички подготвен, како и познавање на можностите за користење на природните ресурси со кои ги располага реонот каде беа стационирани.

 

Хранејќи се со собираните растителни плодови храна од одреден животински свет, кои ги даваат наведените локации, уште еднаш извидувачките водови покажаа високо ниво на обученост и професионализам, овој пат во опстанокот, функционирањето и несекојдневните услови за живот и работа.