11.04.2017

 

Посета од Асоцијацијата на одбранбени аташеи на баталјонот на Воена полиција и инженерискиот баталјон

Денес во касарната „Илинден“, беше реализирана посета на дел од единиците од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија, како дел од програмата за соработка помеѓу Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија и Армијата на Република Македонија.

 

Од страна на командантите на баталјонот на Воена Полиција (бВП), потполковник Васко Коколански и инженерискиот баталјон (инжб), потполковник Васил Митевски беше одржана информативна презентација за мисијата, структурата и основната функција на единиците.

 

На одбранбените аташеи им беше презентирани ТТ збор на опремата и материјално техничките средства со кои располага и работи бВП, методско показна вежба, „Употреба на службено куче во откривање на поставени експлозивни направи“, како и ТТ збор со материјално техничките средства со кои располага инженерискиот баталјон.