11.04.2017

 

Учество на припадници на баталјонот на Воена Полиција, на натпревар во Планинска Ориентација

Во периодот од 07.04. до 09.04.2017 година, на покана на Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“ од Скопје, еден тим од баталјонот на Воена Полиција (бВП), зедоа учество во натпреварот во планинска ориентација.

 

Ова учество на натпреварот е само една потврда за повеќегодишната соработка помеѓу бВП и планинарското друштво, како на вакви активности така и при обука во зимски услови.

 

Сместувањето и стартот беа во планинарскиот дом на врвот од планината „Водно“ во Скопје, и истата беше организирана во четири натпреварувачки категории, а се натпреваруваа во истакнувања и претставувања на своите знаења и вештини за брза и успешна ориентација, движење и снаоѓање на непознат ридест и планински терен, со помош на топографски карти, компаси и други средства за ориентација.

 

Оваа активност претставуваше одлична можност за афирмација на бВП и Армијата на Република Македонија во целост, како и можност да се прикаже оспособеноста и обученоста на припадниците на бВП во извршувањето на задачи на планински терен, а воедно и предизвик повеќе во размена на искуство и учење на методи и практики кои ги користат цивилните структури.