15.03.2017

 

Одбележување на 25 години од преземањето на касарната „Јане Сандански“ во Штип и преземање на системот за врски

Во касарната „Јане Сандански“  во Штип со пригоден собир се одбележа денот кога пред 25 години беше превземен овој воен објект и кога за првпат преку системот за врски се пренесоа наредби на македонски јазик.

 

По тој повод во касарната се реализира посета на пензионираните старешини почнувајќи од началникот за врски и од водот за врски од тогашната 11 пешадиска бригада, кои во тие историски моменти ги презеле системите за врски во касарната. Покрај старешините во посета во касарната дојдоа и пензионирани лица од Македонски телеком подружница Штип, кои дадоа несебична помош во поврзување на комуникациските системи и во поправка и одржување на постојани воздушни жичани линии и подземни кабли и со тоа овозможија брзо ставање во функција и непречено функционирање на врските.

 

Мајор Горан Шутевски, кој ги прими гостите најпрво се заблагодари на посетата и ја потенцираше важноста и историскиот момент на тие настани од пред 25 години, посебно истакнувајќи ја важноста на врските во функционирањето на Армијата. Гостите се заблагодарија на приемот и на можноста да се потсетат на тие моменти.

           

Посетата продолжи со брифинг за развојот на комуникациските системи во АРМ во изминатите 25 години, а за гостите беше организиран и тактичко-технички збор на средствата и системите за врски со кои располага 2.мпб.