Одбележување на годишнина на трагично загинати припадници од оклопниот баталјон

На ден 10.06.2014 година во касарната „Чојлија“ во Петровец се одбележа тринаесет годишнина од загинувањето на припадниците од оклопниот баталјон (окб), капетан Синиша Стоилов и војник Џеладиновски Фејзо.

 

Со постројување на единицата, во присуство на семејствата на загинатите припадници, командантот на окб пред присутните одржа пригоден говор.

 

Потоа пред спомен одбележјето во касарната положија свежо цвеќе делегации од прва механизирана пешадиска бригада предводена од командантот бригаден генерал Павле Арсоски, од окб, од Бригада за логистичка поддршка , семејства на загинатите припадници, пензионирани колеги, како и делегација од општина Петровец.

 

Претходно на ден 09.06.2014 година во родното место на капетанот Синиша Стоилов, с. Зрновци, Кочанско, делегација од окб оддаде почит и положи свежо цвеќе пред спомен одбележјето во ОУ „Синиша Стоилов“ кое го носи неговото име и го одбележува денешниот ден како патронатот на училиштето.

 

11.06.2014 година