09.11.2018

Започна вежбата „Есенската бура“

Волците и Ренџерите заедно со Тигрите и ЕБР, поддржани од Дирекцијата за Заштита и Спасување,  Центарот за Управување со Кризи и единици од Здружената Оперативна Команда ја започнаа вежбата „Есенска бура“.

 

Оперативната Команда за Специјални Операции на вежбата ја започна првата интерагенциската, интеринституционалната и интерармиската вежба.

Цел на вежбата е унапредување на интероперабилноста и кризниот менаџмент како одговор  на модерните закани. Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единицата, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.

 

Покрај единицата на земја во оваа свое учество земаат и дел од воздухопловната бригада на АРМ и МВР.

 

 

ЗБ