29.10.2018

THRACIAN SWORD 18

Дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции во периодот од 22 до 26.10.2018 година учествуваа на меѓународната вежба „THRACIAN SWORD 18“.

 

Македонските специјалци составени од еден тим и штабен елемент заедно со своите колеги од Бугарија, Соединетите Американски Држави, Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Романија, Црна Гора и Албанија на терените во Пловдив - Р. Бугарија реализираа заедничка обука. Директни акции, специјално извидување, борба во урбана средина се само дел од темите кои се обработија за време на вежбата.

 

Оваа вежба е продолжение на вежбите на кои учествуваат специјалните единици од регионот. Самата вежба беше одлична можност нашите специјалци да ги разменат искуствата со своите колеги од партнерските армии.

 

ЗБ