02.10.2018

Македонските Ренџери на „SABER JUNCTION 18“

Ренџерите од составот на полкот за Специјални Операции беа дел од една од најголемите вежби која се реализираше во 2018 година на терените на Графенвер и Хохенфелс во Р. Германија. Заедно со 6500 војници од 17 партнерски и НАТО држави во периодот од 11-30.09.2018 година учествуваа на меѓународната вежба „SABER JUNCTION 18“

 

Македонските Ренџери како и секогаш ја докажаа својата интероперабилност и способност да работат со своите колеги од другите армии. Директни акции, специјално извидување, неконвенционално војување се само дел од задачите кои ги реализираа тимовите. Големиот број на уништени непријателски возила, заробени значајни личности согласно сценариото на вежбата се доказ за ефикасноста на ренџерите кои учествуваа на оваа вежба.