25.10.2018

Посета на полкот за специјални операции

Десетина слушатели на школата за одбрана, безбедност и НАТО интеграции, денес го посетија полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.

 

Слушателите за време на нивната посета беа запознаени со мисијата и задачите на единицата, како и за досегашните стекнати искуства во мировните мисии. Интересот кај слушателите беше голем, проследен со прашања за дополнителни информации.

 

Школата за одбрана, безбедност и НАТО интеграции е проект на Евро- атлантскиот совет на Република Македонија, кој е директно поддржан од Министерството за одбрана на РМ и НАТО секторот за јавна дипломатија.

 

Слушателите и нивните домаќини припадниците на полкот искажаа обострано задоволство од оваа посета и ја оценија како доста корисна.

 

 ЗБ