05.10.2018

Планинско војување

На прекрасните предели во реонот на Демир Капија во периодот од 01.10. до 05.10.2018 година припадниците на баталјонот за специјални намени, заедно со своите колеги од Р.Италија реализираа обука во планинско војување.

 

Размена на искуства и изучување на нови техники и постапки, беше основната цел на оваа обука. Новите техники и системи кои се користат во алпинистиката и при совладување на стрмни и тешко пристапни терени беа дел од темите кои беа проработени. Имајќи во предвид дека тимот од Италија се инструктори за пребарување и спасување, се искористи и можноста за извежбување на теми од евакуација на повредени и спасување од непристапен терен.

 

Искуствата кои ги стекнуваат припадниците на единицата од ваков вид на обука се од непроценлива вредност, особено кога единицата е повикана да асистира или да реализира спасување на повредени планинари или авантуристи на некои од нашите планини.

 

ЗБ