28.09.2018

Ренџерите и волците до нов успех

Уште една успешно завршена активност во полкот за Специјални Операции. Во касарната „Илинден“ во просториите на полкот денес 28.09.2018 година со свечено доделување на сертификатите успешно се заврши курсот за оперативно планирање.

 

Курсот беше реализиран од страна на инструкторски тим од Компонентната команда за специјални операции од Соединетите Американски Држави. Овој курс овозможи интернационалната и интерагенциската соработка да се подигне на повисоко ниво. Имајќи во предвид дека на двонеделниот курс учество зедоа клучниот персонал од составот на полкот за Специјални Операции како и припадници од специјалните единици на Министерството за Внатрешни Работи. Вештините на оперативното планирање беа изучувани низ теоретско предавање кое беше следено со практична работа која резултираше со одредени продукти изработени од слушателите на курсот.

 

Задоволство од самиот курс и наученото искажаа сите учесници, додека инструкторите од Соединетите Американски Држави беа пријатно изненадени од залагањето и покажаните резултати од страна на слушателите.

 

ЗБ