24.09.2018

ЈACKAL CAVE 18

Дел од припадниците на баталјонот за Специјални  Намени од составот на полкот за Специјални Операции во периодот од 3 до 20.09.2018 година учествуваа на меѓународната вежба „JACKAL CAVE 18“.

 

На терените во близина на Таборфалва во Унгарија, Македонските специјалци рамо до рамо со своите колеги од специјалните единици на Хрватска, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Унгарија реализираа различни видови на задачи од доменот на специјалните операции како и повеќе видови на гаѓања со личното вооружување. Самата вежба кулминираше на 20.09.2018 година кога комбинирани тимови од сите пет учеснички изведоа координирана и планирана директна акција врз непријателска цел.

 

Оваа вежба е продолжение на вежбите на кои учествуваат специјалните единици. Вежбата беше одлична можност нашите специјалци да ги разменат искуствата со своите колеги од партнерските армии.