03.07.2018

Посета на министерката за одбрана на полкот за Специјални Операции

Денес 03.07.2018 година во касарната „Илинден“ во посета на полкот за Специјални Операции беше министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска и заменик на НГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин.

 

Министерката за одбрана за време на нејзината посета ги информираше припадниците на полкот кои се идните цели кон кои се стреми министерството и армијата. Во останатиот дел од посетата старешинскиот и војничкиот кадар од единицата имaa можност да постават прашања и да добијат одговори за одредени проблеми со кои се соочуваат во животот и работата.

 

ЗБ