28.06.2018

Трилатерална средба во полкот за Специјални Операции

Во духот на воспоставените меѓуармиски односи и унапредување на меѓусебната воена соработка, во периодот од 26 до 28 јуни 2018 година, во касарната „Илинден“ се реализираше трилатерална средба помеѓу претставниците на силите за специјални операции од Македонија, Албанија и Бугарија.

 

Иницијативата за зголемување на соработката во полето на одбраната помеѓу армиите на овие три држави беше иницијално договорена на министерската средба на 01.12.2017 година во Република Македонија.

 

Работниот состанок помеѓу претставниците на силите за специјални операции на трите држави имаше за цел изнаоѓање на форми на заедничка обука и вежби, низ кои ќе се стекнат нови искуства и ќе се разменат веќе постоечките. Како резултат на состанокот ќе произлезе план за заеднички вежби и обуки, кои ќе се реализираат во 2019 година, а ќе придонесат за подобрување на заедничката одбранбена безбедност во регионот.

 

ЗБ/ТЈ