13.06.2018

Летна алпинистика и јазење

Припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции во периодот од 05.06 до 12.06.2018 година во реонот на Демир Капија реализираа обука од летна алпинистика и јазење.

 

За време на обуката триесетте припадниците на единицата реализираа теми од основна и напредна летна алпинистика. Цел на оваа обука беше запознавање со опремата, техниките на движење и јазење како и нивна практична примена со употреба на летна алпинистичка опрема, изработка на системи за преминување преку реки и длабоки препреки, евакуација на повредени во планина, системи, анкери како и укотвување беа само дел од практичните работи кои се реализираа за време на обуката.

 

И покрај големите психофизички напори кои го следат овој вид  на обука, интересот и концентрацијата кај припадниците на баталјонот беше на највисоко ниво, што резултираше со успешно реализирана обука и драгоцено стекнато искуство.