15.05.2018

Армиските специјалци учествуваа на  меѓународната вежба „Combined Resolve X“

Во периодот од 29.04 до 09.05.2018 година на полигоните на Графенвер и Хохенфелс во Р. Германија припадниците на баталјонот за Специјални Намени учествуваа на меѓународната вежба „Combined Resolve X“.

 

Непосредните подготовки за реализацијата на вежбата започнаа на стрелиштата во Графенвер каде припадниците на баталјонот заедно со нивните колеги од специјалните единици на Соединетите Американски Држави реализираа гаѓања со личното вооружување и извежбување на различни тактички постапки. Во текот вежбата македонските специјалци рамо до рамо со уште 3700 колеги од САД, Литванија, Романија, Полска, Чешка, Албанија, Словенија и други, реализираа широк спектар на задачи како што се специјално извидување, директни акции итн.

 

Квалитетот, знаењето, професионализмот и стручноста на припадниците на баталјонот беше уште еднаш потврдена од страна на сите учесници на вежбата.